Нормализирана испораката на топлинска енергија за неколку потрошувачи во општина Центар



24.04.2017, Скопје –  Со брза интервенција на екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи, испораката на топлинска енергија е нормализирана за потрошувачите на следните улици:

  • „Народен фронт“ број 21 и 23;
  • „Козара“ број 68, „Васил Ѓоргов“ 33 и 33А;
  • „Киро Гавриловски“ број 3;
  • „Елисие Поповски Марко“ број 10.

Потрошувачите од овој реон имаат навремена испорака на топлинска енергија, согласно редовната динамика.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.