
07.03.2017, Скопје – Испораката на топлинска енергија за неколку потрошувачи на улиците „Дрезденска“ и „Алжирска“ во општината Карпош е нормализирана. По брзата интрвенција на екипите на „Дистрибуција на топлина Балкан енерџи„ дефектот во секундарната дистрибутивна топлинска мрежа е целосно саниран.
Објектите со броеви: 12, 20, 28, 32, 34 и 36 на улица „Дрезденска“, како и објектите со броеви: 1, 2, 3, 9, 11, 13, 15, 17, 19 и 25 на улицата „Алжирска“ во попладневните часови во текот на денот добија испорака на топлинска енергија, согласно утврдениот режим на испорака.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200