
Испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во општината Центар е целосно нормализирана откако екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи, во доцните ноќни часови, го отстранија дефектот на секундарниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа (во близина на Собранието на РМ). Утринава овие потрошувачи добија навреме испорака на топлинска енергија.
Нормализирана е испораката на топлинска енергија за потрошувачите на улиците:
- Даме Груев бр. 2, 4, 6 и 8
- Македонија ББ (Спомен куќа на Мајка Тереза, Дом на АРМ), бр. 6, 10 и 16
- Луј Пастер ББ (Палата Македонија)
- 11 Октомври бр. 6 и 8
- Димитрие Чуповски 1
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.