Нормализирана испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Тафталиџе 1



16.01.2017, Скопје – Испораката на топлинска енергија за потрошувачите во населбата Тафталиџе 1 во општината Карпош е целосно нормализирана. Потрошувачите од овој реон, утринава добија навремена испорака на топлинска енергија, согласно редовната динамика. Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан Енерџи во 12:30 часот го отстранија дефектот на улицата Букурешка на вод Ц2 од Топланата Запад.  По интервенцијата во 02:00 часот потрошувачите на следните адреси беа приклучени во системот:

  • Букурешка број 3, 4, 5, 7, 9, 17, 23, 25, 39 и 41
  • Прашка број 28, 36, 38 и 42
  • Париска број 1, 5, 7, 9 и 11

 

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200