
15.01.2017, Скопје – Испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Капиштец во општината Центар е целосно нормализирана, откако екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи го отстранија дефектот н секундарниот вод на улицата Загребска, во доцните ноќни часови. Утринава овие потрошувачи добија навреме испорака на топлинска енергија.
Нормализирана е испораката на топлинска енергија за потрошувачите на улиците:
· Загребска од број 1 до број 19а
· Антон Панов од број 3 до број 10
· Елисие Поповски – Марко од 41 до 43
· Боро Петрушевски од број 27 до број 33
· Мајка Тереза (Водњанска) броевите 60 и 62
· Ацо Караманов број 1 и од број 11 до 33
· Салвадор Аљенде – сите потрошувачи
· Партениј Зоографски сите потрошувачи
· Павле Савелиќ сите потрошувачи
· Славе Деловски број 18б
· Алберт Швајцер број 12
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200