Нормализирана испораката на топлинска енергија во строгиот центар на градот



Испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во општината Центар е целосно нормализирана откако екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи го отстранија дефектот на дистрибутивната топлинска мрежа кој беше лоциран претходниот ден во строгиот центар на градот.

Нормализирана е испораката на топлинска енергија за потрошувачите на улица „Македонија“ бб (Куќа на Мајка Тереза, Фонд за здравство, Дом на АРМ), на улицата „Македонија“ брoj 16, на улицата „11-ти Октомври“ со броеви 6 и 8 како и на улицата „Димитрие Чуповски“, број 1.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.