Нормализирана испораката на топлинска енергија во неколку објекти во строгиот центар на градот



31.03.2017, Скопје –  По брза интервенција на екипите на „Дистрибуција со топлина Балкан енерџи“ отстранет е дефект на дистрибутивната топлинска мрежа во строгиот центар на градот кој предизвика прекин на испораката на топлинска енергија кај дел од потрошувачите. Испораката на топлинска енергија во објектите лоцирани на улица „Никола Кљусев“ со броеви: 1, 2, 3 и 7; на улицата „Максим Горки“, со броеви: 6, 8 и 14; како и на улицата „Осма ударна бригада“, број 2 е целосно нормализирана.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200