Нормализирана испораката на топлинска енергија, потрошувачите од центарот на Скопје повторно имаат греење



Испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во општината Центар, кои утрово останаа без греење поради дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа, е нормализирана. Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи иако успеаа да ја нормализираат испораката на топлинска енергија, во текот на вечерните часови и ноќта ќе продолжат да работат за целосна санација на дефектот на магистралниот вод.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.