Нормализирана испораката на топлинска енергија



БЕГ ги известува своите потрошувачи дека, како резултат на нормализираната испорака на природен гас во државата, од денес 30.10.2020 година состојбата со испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење се реализира непречено согласно мрежните правила за испорака на топлинска енергија. Во изминатите три дена топланите работеа со редуцирана испорака на топлинска енергија, поради ограничување на количините на природен гас на топланите за 10%.

Оваа редукција не предизвика значително намалување на нивото на комфорот на потрошувачите и на внатрешната температура во објектите, односно средната дневна внатрешна температура во објектите не опадна за повеќе од 1ºС од пропишаната (20+1)ºС

Причина за ограничување на транспортот на природен гас во изминатите три дена беше изведување ремонтни активности на транзитниот гасовод од Бугарија кон земјава, што ги реализираше бугарскиот оператор на системот за пренос на природен гас „Булгартрнасгаз ЕАД“.