Нормализирана испораката на топлинска енегија за дел од потрошувачите во општина Центар



18.01.2017, Скопје – Испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во општината Центар  е нормализирана. Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи го отстранија дефектот, на улицата Апостол Гусларот број 17, по што испораката на топлинска енергија за потрошувачите на следните адреси е целосно нормализирана:

  • Ул. Рајко Жинзифов број 51
  • Ул. Шумадиска број 18
  • Ул. Златко Шнајдер бр 13А и 14
  • Ул. Никола Тримпаре бр. 27А
  • Ул. Апостол Гусларот број 40,44 и 46

 

Екипите на Дистибуција со топлина Балкан енерџи го отстранија и дефектот на водот од  улицата 8 Март кон булеварот Илинден. Испораката на топлинска енергија за потрошувачите на булеварот Илинден број 70, улицата Коле Неделковски број 5 и 6 и улицата Пајак број 12 е целосно нормализирана.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200