Нормализирана испорака на енергија од Топлана Исток



По отстранување на дефектот во електродистрибутивниот систем, кој предизвика испад на работата на топлана Исток од 16:40 до 17:40 часот, повторно е воспоставена нормална испорака на топлинска енергија за потрошувачите од реоните на Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода и Карпош.