Начин на достава на сметки


„Снабдување со топлина Балкан енерџи“ како општествено одговорна компанија, во континуитет, сите свои активности ги реализира според принципите за општествена одговорност и грижа за животната средина. Компанијата работи за подобрување на квалитетот на услугата во интерес на потрошувачите, но и во интерес на подобрување на квалитетот на животната средина.

Градејќи го имиџот како кориснички ориентирана компанија која излегува во пресрет на потребите на потрошувачите, „Снабдување со топлина Балкан енерџи“ ја воведе новата услуга „е-фактура“ со која фактурите-сметките за потрошената топлинска енергија ќе може да се добиваат по електронска пошта.

Фактурите-сметките за потрошена топлинска енергија се доставуваат до потрошувачите во еден примерок, на еден од следните два начини:

– По електронска пошта, по претходна согласност од потрошувачот;

– Со достава во поштенско сандаче.

Доколку потрошувачот од било која причина најдоцна до 15ти во месецот не добие фактура-сметка за претходниот месец, должен е истата да ја побара од снабдувачот, или во спротивно ќе се смета дека фактурата-сметката е навремено доставена.

На барање од потрошувачот, може да се изготви и препис на фактурата-сметката. За да добие препис, потрошувачот може да се обрати во Центарот за грижа за потрошувачи или пак со пополнување на формуларот достапен на интернет страницата на Снабдување со топлина Балкан енерџи https://beg-snabduvanje.com.mk/customers/reporting-complaints/.

Придобивките од услугата „е-фактура“ се повеќекратни, покрај еколошките аспекти, оваа услуга преставува дополнителна економска придобивка за потрошувачите, бидејќи се зголемува контролата на добивањето, плаќањето и електронското архивирање на фактурите. Потрошувачите нема да добиваат фактури-сметки во хартиена форма, а со услугата „е-фактура“ ќе бидат сигурни дека секогаш навремено ќе ги добиваат фактурите за топлинска енергија и ќе имаат можност навреме да ги платат, со што ќе ја избегнат каматата за задоцнето плаќање.

Услугата е достапна за сите потрошувачи кои ќе пополнат, потпишат и достават формулар-барање директно во најблиската подружница на Снабдување со топлина Балкан енерџи:

За повеќе совети и информации може да се обратите до Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 02/3076-200.

Се надеваме дека ќе се одлучите да ги користите електронските услуги од Снабдување со топлина Балкан енерџи и со тоа да придонесете за заштита на животната средина.

Со користење на услугата е-сметка не добивате фактура-сметка во хартиена форма.

Ви благодариме што ги користите нашите електронски услуги и што придонесувате во заштитата на животната средина.