
„МОЈ СЕРВИС“ им овозможува на потрошувачите сервисни услуги како и утврдување на причината за дефекти на внатрешната грејна инсталација со цел да се осигура нејзината функционалност за квалитетно снабдување со топлинска енергија.
Редовното одржување на внатрешната грејна инсталација е од суштинско значење за квалитетот на греење кај потрошувачите. Согласно важечките законски и подзаконски акти, одржувањето на внатрешната грејна инсталација е одговорност исклучиво на потрошувачите кои се грижат за функционалноста и исправноста на внатрешната грејна инсталација самостојно или со ангажирање на компании или стручни лица кои се занимаваат со одржување на системи за греење.
МОЈ СЕРВИС кој е во рамки на групацијата БЕГ, им овозможува на потрошувачите професионални сервисни услуги на внатрешна грејна инсталација по конкурентни пазарни цени, најкратки рокови на постапување и според строго дефинирани процедури за работа. Во сервисот е ангажиран професионален и стручен кадар, кој располага со најсовремен алат и опрема за работа, според сите важечки стандарди за извршување на оваа дејност.
За да се излезе во пресрет на потребите на потрошувачите, МОЈ СЕРВИС работи во две смени, секој работен ден од 8 до 20 часот, како и во сабота од 8 до 15:00 часот. Единствен услов за да можат да се користат услугите на МОЈ СЕРВИС е потрошувачот да има склучено договор за снабдување со топлинска енергија со Снабдување со топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје.
Своите барања за сервисни интервенции и утврдување на причината за дефект на внатрешната грејна инсталација од МОЈ СЕРВИС, потрошувачите можат да ги достават во Центарот за грижа на потрошувачи на БЕГ на телефонските броеви 02/3076-200 и 075-400-100