Крај на грејната сезона 2015/2016



Почитувани потрошувачи,

Ве известуваме дека согласно член 43 од Правилата за снабдување со топлинска енергија, грејната сезона завршува на 15-ти април.

Топланите до 30.04.2016 година ќе останат во приправност заради евентуален ре-старт, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°С, според податоците од Управата за Хидрометеоролошки работи на Република Македонија и доколку Регулаторна комисија за енергетика по тој основ донесе одлука за испорака на топлинска енергија.