Исклучување на индивидуален објект


Исклучувањето на индивидуалниот објект  се врши со писмено барање на сопственикот односно потрошувачот поднесено до снабдувачот со топлинска енергија. Сопственикот со документ за идентификација пополнува и потпишува образец за исклучување во некој од наплатните центри на Снабдување со топлина Балкан енерџи. Доколку сопственикот на имотот не е во можност лично да дојде во наплатниот центар, потребно е да ополномошти  друго лице, кое во некого име може да ги потпише потребниот образец за исклучување од системот за централно греење. Трошоците поврзани со постапката за исклучување се обврска на потрошувачот. Исклучување на затоплуваниот простор на потрошувачот може да се изврши во било кое време, по барање на потрошувачот во рок не подолг од 30 дена од поднесување на барањето. Потрошувачот се смета дека е прописно исклучен од дистрибутивниот систем кога грејната инсталација е физички одвоена од системот за дистрибуција и пломбирана.