
Снабдување со топлина Балкан енерџи со услугата „е-фактура“ им овозможува на потрошувачите да ги добиваат фактурите за топлинска енергија по електронска пошта.
За таа цел е потребно потрошувачите да
- го пополнат формуларот за услугата „е-фактура“ кој се наоѓа на интернет страницата на Снабдување со топлина Балкан енерџи http://beg-snabduvanje.com.mk
- да го испратат пополнетото барање во прилог на contact@beg-snabduvanje.com.mk или да го достават во најблиската подружница на Снабдување со топлина Балкан енерџи
Со користењето на услугата „е-фактура“, потрошувачите навремено ги добиваат фактурите за топлинска енергија и можат навремено да ги платат, со што ќе ја избегнат каматата за задоцнето плаќање. Фактурите ги добиваат на едно место, а доколку имаат повеќе регистрирани имоти, односно повеќе шифри на потрошувач имаат можност и електронски да ги архивираат со што истовремено придонесуваат за заштита на животната средина.
Повеќе совети и информации се достапни во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075-400-100.