
13.01.2017, Скопје – Откако беше нормализирана испораката на топлинска енергија во текот на вчерашниот ден, за потрошувачите од централното градско подрачје и делови на општината Карпош, целосно е отстранет и дефектот кои предизвика прекин на испораката за овие потрошувачи. Утринава сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење добија топлинска енергија навремено.
Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енеџи работеа во текот на целата ноќ, по што целосно беше саниран дефектот на мрежата. Во зајакнат состав екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи остануваат на терен за да следат состојбите.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200