
Дефект на секундарната дистрибутивна топлинска мрежа во строгиот центар на градот предизвика прекин на испораката на топлинска енергија во објектите лоцирани на улица „Македонија“ бб (Куќа на Мајка Тереза, Фонд за здравство, Дом на АРМ), на улицата „Македонија“ брoj 16, на улицата „11-ти Октомври“ со броеви 6 и 8 како и на улицата „Димитрие Чуповски“, број 1.
Екипите на „Дистрибуција со топлина Балкан енерџи“ работат на остранување на дефектот со што се очекува да продолжи редовната испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи на споменатите улици во најкраток можен рок. Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина и до наведените станбени згради да биде воспоставено уште во текот на денешниот ден.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200