Дефект во мрежата ја прекина испораката на топлинска енергија во неколку објекти во строгиот центар на градот



30.03.2017, Скопје –  Дефект на дистрибутивна топлинска мрежа во строгиот центар на градот предизвика прекин на испораката на топлинска енергија во објектите лоцирани на улица „Никола Кљусев“ со броеви: 1, 2, 3 и 7; на улицата „Максим Горки“, со броеви: 6, 8 и 14; како и на улицата „Осма ударна бригада“, број 2.

Екипите на „Дистрибуција со топлина Балкан енерџи“ работат на остранување на дефектот со што се очекува во текот на денот да продолжи редовната испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи на споменатите улици.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200