
Поради дефект на дистрибутивната мрежа во населба Аеродром, следниве објекти вечерва ќе бидат без греење:
- Булевар Јане Сандански број 35, 37, 39, 41, 43, 45, 47, 49, 51, 53, 59, 61, 63, 65, 67 и 69
- Булевар АСНОМ (по старо АВНОЈ) број 40, 42, 44, 46, 48, 50, 52, 64, 68, 70, 72, 74, 74б , 78, 80, 82, 84, 86, 88, 90, 92, 94, 98, 100, 102, 104, 106, 108, 110, 112, 114 и 116
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи работат на санација на дефектот.
Се очекува истиот да биде саниран во текот на ноќта, со што утре изутрина ќе биде воспоставена нормална испорака на топлина до потрошувачите од тој реон.