Дефект на мрежа на ул. Варшавска



Поради дефект на мрежа на ул. Варшавска, затворен е магистралниот вод Ц2 од топлана Запад кон Тафталиџе 1.

Објектите на ул. Варшавска, Париска, Хаванска, Виенска, Мексичка и Букурешка се без греење (во квадрантот заграден со улиците Варшавска, Прашка, Партизанска и Париска).

Екипите за санација на дефекти се на терен и работат на отстранување на дефектот.

Се очекува околу 18 часот тој да биде саниран и да се воспостави нормална испорака на топлинска енергија.