30.12.2016, Скопје – Поради дефект на магистралниот топловод А2 од Топлана „Запад“ кон населбата „Тафталиџе 2“, утринава три станбени згради на ул. „Женевска“ бр. 6, 8 и 10 времено не се во можност да добијат топлинска енергија.
Исто така, заради обемот и карактерот на дефектот, останатите потрошувачи од населабата „Тафталиџе“ денеска добија греење со задоцнување.
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи се на терен и интензивно работат на санирање на дефектот. Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина и до наведените станбени згради да биде воспоставено уште во текот на денешниот ден.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200 или преку интернет страницата www.beg-snabduvanje.com.mk .