
Поради дефект на магистралниот вод А, објектите во централното градско подрачје, на потегот од Топлана Исток до Градска Болница (ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести Св.Наум Охридски) вечерва ќе бидат без греење.
Екипите работат интензивно на санација на дефектот, која се очекува да заврши во текот на ноќта. Испораката на топлина ќе биде нормализирана во текот на утрешниот ден.