Дефект на магистрален вод



Поради дефект на ул.Стале Попов, делумно е затворен магистралниот вод А, на потегот од Топлана Исток до општина Кисела Вода.

Објектите во општина Кисела Вода, делови од општина Аеродром (бул.3-та Македонска бригада, ул.Венјамин Мачуковски, ул.Анастас Митрев) и делови од општина Центар (ул.Цицо Поповиќ, ул.Стале Попов, ул.Никола Карев, ул.Мирче Ацев) времено не се во можност да добијат топлинска енергија.

Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан Енерџи веќе се на терен, интензивно работат на санација на дефектот и се очекува редовното снабдување со топлина до потрошувачите да биде воспоставено во најкраток можен временски рок. Испораката на топлина ќе биде нормализирана во текот на денешниот ден.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на тел: (02) 3076 200