
Ја известуваме јавноста дека прекинот на испораката на топлинска енергија во тек на денешниот ден не се должи на дефект во Топлана Исток
Дефект на електроенергетската мрежа во реон на Гази Баба, на која е приклучена топлана Исток, беше причината за прекин на испорака на топлинска енергија кон потрошувачите на Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода и Центар. Дефектот на електроенергетската мрежа е отсранет во рок од 50 минути, по што за кратко време беше нормализирана испораката на топлинска енергија до потрошувачите.