
Заради дефект на дистрибутивната топловодна мрежа на улица П.Зографски во населбата Водно, прекин на испорака на топлинска енергија имаат потрошувачите на улицата Партение Зографски број 83, 83а, 83б, 89, 91.
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи работат на санација на дефектот, кој се очекува да биде саниран во текот на денот, по што ќе биде нормализирана испораката на топлинска енергија.
За повеќе информации потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 3076 200.