
Поради дефект на дистрибутивната мрежа на улица Загребска без греење ќе останат објектите на следните улици:
- дел од потрошувачите на улица Загребска
- поголем дел од потрошувачите на улица Периша Савељиќ
- поголем дел од потрошувачите на улица Партениј Зографски
- поголем дел од потрошувачите на улица Ацо Караманов
- улица Водњанска бр.60
- Улица Алберт Швајцер бр. 12
- Улица Салвадор Аљенде бр. 2, односно ОУ Кочо Рацин
- Улица Ацо Караманов бр. 4, односно Детска Градинка Кочо Рацин (Багремар)
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи работат на санација на дефектот, по што испораката ќе биде нормализирана.
За повеќе информации обратете се во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 3076 200.