Сервис и утврдување на дефект на внатрешна грејна инсталација


Редовното одржување на внатрешната грејна инсталација е од суштинско значење за квалитетот на греење. Согласно со важечките законски и подзаконски акти, одржувањето на внатрешната грејна инсталација е одговорност на потрошувачите. Доколку потрошувачот не е во можност сам да ги реши проблемите со греењето, може да побара помош од Снабдување со топлина Балкан енерџи или од други приватни сервисери.
Како кориснички ориентирана компанија, Снабдување со топлина Балкан енерџи на сите свои потрошувачи им нуди поддршка за решавање на проблемите поврзани со греењето. Со цел да излезе во пресрет на нивните потреби и да помогне при сервисирањето на грејната инсталации, Снабдување со топлина Балкан енерџи преку Центарот за грижа на потрошувачи реализира програмата за квалитетен и пазарно конкурентен сервис на внатрешна грејна инсталација.

Програмата вклучува сервисни услуги по контролирани и унифицирани цени од сервисни компании со кои Снабдување со топлина Балкан енерџи има склучено договор за деловно техничка соработка за оваа намена, како и бесплатнo утврдување на причината за дефектот на грејната инсталација на потрошувачот од страна на Снабдување со топлина Балкан енерџи, со цел да се утврди нејзината функционалност за квалитетно снабдување со топлинска енергија.

Сервисот на грејните инсталации го вршат исклучиво сервисни компании кои имаат потпишано договор за техничко деловна соработка, согласно договорни и строго дефинирани процедури, рокови и цени за услуги (работна рака и материјал), на основа на ценовник одобрен од страна на Снабдување со топлина Балкан енерџи. На следните линкови може да се информирате за цените по кои се реализира сервисот на грејната инсталација:

Снабдување со топлина Балкан енерџи е само посредник, а Сервисната компанија ги извршува интервенциите за сметка на потрошувачот. Тоа значи дека вредноста на извршените сервисни интервенции потрошувачот ја плаќа на сервисната компанија. За да можете да поднесете барање за сервисни интервенции во координација на Снабдување со топлина Балкан енерџи и бесплатна дефектажа, потребно е да имате потпишан договор за снабдување со топлинска енергија со Снабдување со топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје.
Вашите барања за сервисни интервенции и бесплатно утврдување на причината за дефектот на грејната инсталација на потрошувачот можете да ги доставите до Центарот за грижа на потрошувачи на еден од следните начини:

  • Со пополнување на следниот формулар
  • Со јавување на телефонскиот број на Центарот за грижа на потрошувачи: (02) 3076 200 од 08:00 до 19:00 часот и во сабота од 08:00 до 13:00 часот
  • Испраќање на СМС порака на мобилниот телефон: 076 / 350 567
  • Преку е-пошта на: contact@beg-snabduvanje.com.mk
  • Диретно во Центарот за грижа на потрошувачи на ул. „Лондонска“ бр. 8., секој работен ден од 08:00 до 19:00 часот и во сабота од 08:00 до 13:00 часот