Потрошувачот, правно или физичко лице, сопственик на посебен дел од објектот, кој сака да го приклучи станот или деловниот простор на системот за централно греење во објект кој веќе е приклучен на системот на греење и во кој се испорачува топлинска енергија, потребно е да ги поднесе следните документи во еден од нашите наплатни центри
- Барање за приклучување на системот за топлинска енергија
- документ за идентификација
- документи со кој се докажува сопственоста на посебен дел од објектот кој е предмет на приклучување како имотен лист или купопродажен договор
- Договор за снабдување со топлинска енергија
Трошоците поврзани со постапката за приклучување се обврска на потрошувачот.
Доколку сопственикот на имотот не е во можност лично да дојде во наплатниот центар, може да ополномошти друго лице, кое во негово ќе ги потпише потребните документи за приклучување на системот за централно греење.