Најчесто поставувани прашања


1. Во кој период се врши снабдување со топлинска енергија?

Снабдувањето со топлинска енергија по правило се врши во периодот од 15 октомври во тековната, до 15 април во наредната календарска година.

По исклучок, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите може да почне и пред 15 октомври, но не и пред 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 ˚С, според податоците од Управата за Хидрометеоролошки работи на Република Македонија. Снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 30 април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 ˚С, според податоците од Управата за Хидрометеоролошки работи на Република Македонија.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите пред 15 октомври и по 15 април ја донесува Регулаторната комисија за енергетика, согласно известувањето од страна на регулираниот производител на топлинска енергија за исполнување на гореспоменатите услови.

2. Кои се главните обврски на потрошувачот?

Главни обврски на потрошувачот се:

  • Да потпише договор за снабдување со топлинска енергија,
  • Да ја одржува техничката и функционалната исправност на грејната инсталација,
  • Да ги плаќа фактурите за греење.

3. Зошто исклучен потрошувач во колективен станбен објект добива фактура?

Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, сите исклучени потрошувачи во колективните објекти за домување каде распределбата на надоместокот се врши преку еден колективен мерен уред на топлинска енергија, должни се да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.

4. Од што се состои надоместокот на мерното место?

Надоместокот на мерното место се состои од надомест за ангажирана топлинска моќност (фиксен дел) и надомест за потрошена топлинска енергија (варијабилен дел). Снабдувачот е должен по добиените податоци од Дистрибутерот за испорачаната топлинска енергија на ниво на мерно место, да го пресмета надоместокот на топлинска енергија на ниво на потрошувач.

5. Од што зависи потрошената топлинска енергија?

На големината на потрошената топлинска енергја диминантно влијание има климата, термичките карактеристики на објектот, температурната регулација на објектот.Во објектите каде се испорачува поголема топлинска енергија од потребната, потрошувачот може да пријави во диспечерскиот центар на Дистрибуција на Топлина Балкан Енерџи Дооел Скопје на телефон 3076-200, или писмено да се обрати до својот Снабдувач.

6. Како се врши задолжувањето на потрошувачите од категоријата станбените потрошувачи на 12 месеци?

Станбените потрошувачи во првиот дел од грејната сезона добиваат авансни фактури за периодот август-ноември, додека во месец декември добиваат порамнителна фактура со која се порамнува потрошеното за периодот август-декември со фактурираното за истиот период.
Во вториот дел од грејната сезона станбените потрошувачи добиваат авансни фактури за период јануари-април, за да во месеците мај, јуни, и јули добијат порамнителни фактури со кои се порамнува потрошеното за период јануари-јули со фактурираното за истиот период.

7. Како се врши задолжувањето на потрошувачите од категоријата деловни потрошувачи?

Деловните потрошувачи не добиваат порамнителни фактури. Фактурите кај деловните потрошувачи за период мај – септември се состојат само од надомест за ангажирана топлинска моќност (фиксен дел), за да во периодот октомври-април фактурите кој ги добиваат деловните потрошувачи се состојат покрај од надомест за ангажирана топлинска моќност, и надомест за потрошена топлинска енергија.

8. Зошто некои потрошувачи добиваат повисоки порамнителни фактури?

Повисоки порамнителни фактури може да се добијат од следниве причини:

  • Пониска надворешна тепмература од проектираната при изготвување на авансите фактури,
  • Прегревање на објектот – Повисока температура во домот значи и поголема потрошувачка на топлинска енергија, што е правопропорционално со големината на порамнителната фактура.

9. Што доколку потрошувачот ја нема добиено фактурата?

Доколку потрошувачот од која било причина најкасно до 15 во тековниот месец не добие фактура за претходниот месец, должен е истата да ја побара од Снабдувачот, во спротивно ќе се смета дека истата му е навремено доставена.
Фактурата е потребно да се плати до валутата (рокот на плаќање) определен на самата фактура.

10. Каква е процедурата во случај кога температурата во станот е помала од 20°C?

Доколку потрошувачот е незадоволен од квалитетот на греење во станот, може да поднесе барање за проверка на квалитет. Барањето за проверка на квалитет се поднесува во наплатните центри на Снабдување со Топлина Балкан Енерџи Дооел Скопје. По поднесеното барање, Снабдувачот ќе изврши мерење кога за тоа ќе се создадат временски услови. Доколку измерените температури се под 20°C се доделува решение за процентуално ослободување за тековната грејна сезона.

11. Зошто е потребно потрошувачот да склучи договор за снабдување со топлинска енергија?

Согласно член 6 од правилата за снабдување со топлинска енергија снабдувачот и потрошувачот потребно е да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со цел регулирање на своите права и обврски. Договорот потрошувачите можат да го склучат во наплатните центри на Снабдување со Топлина Балкан Енерџи Дооел Скопје.