Постапка за приклучување на нови објекти


Постапка и потребна документација за приклучување на нови објекти на дистрибутивниот систем заради преземање на топлинска енергија за греење

  1. Поднесување на барање за термоенергетски прием до снабдувачот со прилог документација
  2. По поднесеното барање со комплетирана документација се потпишува договор за пробно греење со Снабдувачот
  3. Врз основа на договорот се доставува фактура за пробно греење до инвеститорот
  4. По извршената уплата се закажува термин од страна на Снабдувачот за фукционален преглед на водот и топлинската станица во присуство на инвеститор, изведувач, дистрибутер и снабдувач
  5. Доколку сè е во ред со водот и топлинската станица се закажува официјален старт на пробното греење, со присуство на инвеститор, изведувач, дистрибутер, снабдувач и станари. Целта на оваа проверка е да се константира дека се е во ред за да нема одлагања на датумот кога се закажуваат сите станари
  6. Во текот на пробното греење се вршат следниве активности (Пробното греење трае минимум 15 дена)
    1. Контрола на техничката и функционална исправност на грејната инсталација на објектот и на потрошуваот и отстранување на сите константирани недостатоци од страна на инвеститорот/изведувачот;
    2. Контрола на техничката и функционална исправност на топлинската станицата, (согласно проектот);
    3. Термоенергетски прием на објектот, мерење на внатрешни температури во карактеристични станови во објектот од страна на Снабдувачот;
    4. Подпишување на договор со потрошувачите, до колку термоенергетскиот прием е во ред.

      Исто така се издаваат и следниве документи од странa на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ:

      1. Потврда за функционалност на приклучок
      2. Потврда за функционален прием на топлинска подстаница,
  1. По завршеното пробно греење доколку се е во ред се издава изјава за термоенергетски прием на грејна инсталација на потрошувачот и објектот од страна на Снабдувачот.
  2. Доколку со изјавата се одобрува приемот на објектот, се издава Решение за согласност за пристап на дистрибутивниот систем поради превземање на топлинка енергија за греење од страна на дистрибутерот.
  3. Премин на објектот во редовен режим и фактурирање на топлинска енергија од Снабдувачот кон Потрошувачите.

Во прилог е целосната постапка и потребната документација за пробно греење, како и барање за пробна испорака на топлинска енергија.