
“БРЗО ПЛАЌАЊЕ” е новата веб-услуга за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија, без банкарски провизии.
Преку неа потрошувачите со внесување на бројот на фактурата можат да извршат онлајн-плаќање, без претходна најава и регистрација во системот „BegEpаy“.
За сите информации поврзани со услугата “БРЗО ПЛАЌАЊЕ” на фактурите потрошувачите може да се информираат во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075-400-100 или преку е-пошта на: contact@beg-snabduvanje.com.mk ..