БЕГ-Снабдување ќе ја врши дејноста до избор на нов носител на лиценца



Согласно член 51 од Законот за енергетика, Службен весник РСМ бр.96/18, Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје до изборот на нов вршител на јавната дејност снабдување со топлинска енергија има обврска да ја врши дејноста и да доставува фактури за топлинска енергија до потрошувачите.

Услугата снабдување со топлинска енергија за грејната сезона 2022/2023 се фактурира соглесно тарифни ставови определени во Одлука  за одобрување на регулиран максимален приход и тарифни ставови за вршење на  енергетската дејност снабдување со топлинска енергија за 2022 година на Друштвото за снабдување со топлинска енергија Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје, Службен весник на РСМ бр.171/22, донесена од страна на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.