БЕГ нуди намалување на цените на професионалните услуги на МОЈ СЕРВИС



Како компанија која се грижи за своите потрошувачи, сметаме дека е неопходно да ги потсетиме да ја проверат својата внатрешна грејна инсталација со цел да ја дочекаат новата грејна сезона подготвени.

Одржувањето на внатрешната грејна инсталација согласно важечките законски и подзаконски акти е одговорност на потрошувачите. Нашата компанија нуди поддршка во решавањето на проблемите поврзани со греењето. Сите неопходни информации и совети за одржување на внатрешната грејна инсталација во летниот период, потрошувачите можат да ги добијат преку Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот број 02/3076-200 и на интернет страницата https://www.beg-snabduvanje.com.mk

Доколку потрошувачите не се во можност самите да ги решат проблемите со греењето, можат да побарааат помош од услугата МОЈ СЕРВИС.

МОЈ СЕРВИС нуди професионални услуги за сервисирање и техничка помош во внатрешната грејна инсталација со цел да се осигура нејзината функционалност и да се обезбеди  квалитетно снабдување со топлинска енергија во текот на грејната сезона.

Снабдување со топлина Балкан Енерџи Дооел со цел да им овоможи на што поголем број вклучени потрошувачи да ги користат професионалните сервисни услуги на МОЈ СЕРВИС, нуди намалување од 20% на цените за услугата – работната рака во периодот од 1-ви мај до 31-ти август 2019 година.

По завршување на акцијата, услугите ќе се наплаќаат во целост, согласно важечкиот ценовник.

 

МОЈ СЕРВИС – Брзо. Ефикасно. Гарантирано!