БЕГ НУДИ БЕСПЛАТНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ И НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА УСЛУГИТЕ НА МОЈ СЕРВИС



Со цел да им овозможиме на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење повторно ја започнуваме акцијата за БЕСПЛАТНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ за исклучените потрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за централно греење. Акцијата за бесплатно приклучување ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“. Поволностите од акцијата за бесплатно приклучување важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на потрошувачите. Секоја дополнителна интервенција на внатрешната инсталацијата во објектот на корисниците ќе се наплаќа согласно ценовникот на БЕГ.

 

Дополнително, во насока на одржување на техничката и функционална исправност на внатрешната грејна инсталација обезбедивме намалување на цените на професионалните сервисни услуги на Мој Сервис, односно ЦЕНИТЕ ЗА УСЛУГАТА – РАБОТНА РАКА на Мој Сервис се НАМАЛЕНИ ЗА 20%. Земајќи во предвид дека одржувањето на внатрешната грејна инсталација е одговорност на потрошувачите, со цел да ја дочекате новата грејна сезона подготвени, наша препорака е да извршите навремена проверка на нејзината функционалност.

Акциите за бесплатно приклучување и намалување на цените на услугите на Мој сервис важат до 31ви август 2020 година.

Се надеваме дека ќе се одлучите да ги користите предностите на системот за централно греење и услугите обезбедени од Снабдување со топлина Балкан енерџи. Ве покануваме да се јавите во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот број 02/3076-200, да ја посетите интернет страницата https://www.beg-snabduvanje.com.mk за да ги добиете сите неопходни информации или да посетите некој од нашите наплатни центри