БЕГ ќе ја започне грејната сезона



Поради падот на надворешната температура oд утре, 7-ми октомври (понеделник), започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ.

Согласно правилата за снабдување со топлинска енергија, испораката на топлинска енергија на потрошувачите може да започне и пред 15-ти октомври, но не пред 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, според податоците од Управата за хидрометеролошки работи.

Со цел овозможување на редовна и квалитетна испорака на топлинска енергија потребно е потрошувачите кој кои има дефекти на внатрешната грејна инсталација, да ги отстранат во најкус можен рок и истото да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи. Исто така, апелираме до Заедниците на станари и Управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници во објектите, како и да обезбедат напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).

За сите неопходни информации, евентуални дефекти и проблеми со испорака на топлинска енергија од системот за централно греење со кој управува БЕГ, нашите потрошувачите  може да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на:

телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100,

на web страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи или

со СМС порака на телефонските броеви: 078 207 056 и 070 369-337