
До 30-ти јуни 2019 година, Снабдување со топлина Балкан Енерџи, за да им овозможи на што поголем број исклучени потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење, нуди повторно можност за бесплатно приклучување.
Акцијата за бесплатно приклучување ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“, а ќе важи за сите заинтересираните потрошувачи кои имаат техничка можност, но не се приклучени на системот за толинска енергија.
За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, заинтересираните потрошувачи треба што поскоро, а најдоцна до 30-ти јуни, да поднесат писмено барање за приклучување во некој од наплатните центри на Снабдување со топлина Балкан Енерџи. За да се информираат за постапката за приклучување, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на БЕГ, на телефонскиот број 02/3076-200.
Со моменталната цена, користењето на топлинска енергија од централното греење е финансиски поисплатливо од другите енергенси за греење. Заинтересираните граѓани можат и лично да се уверат во исплатливноста и предностите на овој систем преку калкулаторот за потрoшувачка на топлинска енергија, поставен на интернет страницата на Снабдување со топлина Балкан Енерџи (www.beg-snabduvanje.com.mk) кој овозможува секој потрошувач да направи индикативна пресметка и споредба на трошоците за греење на иста загревна површина при користење различни начини за греење. Плаќањето на рати изразено преку дванаесет месечни фактури е дополнителна финасиска погодност во однос на другите извори на греење.
Со приклучување на системот за централно греење, потрошувачите добиваат современ комфор во домот и рамномерно загревање во сите простории, од 06-22 часот, при намалени финансиски трошоци.
Покрај индивидуалните придобивки за корисниците, со приклучување на што поголем број потрошувачи кон системот за централно греење се придонесува и за намалување на загадувањето на воздухот во градот Скопје за време на грејната сезона, бидејќи централниот градски систем за греење користи природен гас како гориво, задоволувајќи ги највисоките еколошки стандарди.
Поволностите од оваа акција важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на потрошувачите. Секоја дополнителна интевренција во мрежата и инсталацијата во објектот на корисниците ќе се наплатува согласно ценовникот на БЕГ. По завршување на акцијата, односно од 1-ви јули, приклучувањето ќе се наплаќа во целост, согласно важечкиот ценовник.
Вреди да сме сите вклучени!