
Дел од потрошувачите во општината Карпош имаат времен прекин на испораката на топлинска енергија заради дефект на дистрибутивна топлинска мрежа на ул. Варшавска. Привремено е прекината испораката на топлинска енергија кај потрошувачите на улиците:
Ул. Прашка број 28, 36, 38 и 42
Ул. Варшавска ББ (Пензиска комисија) како и број 5, 5А, 6А и 10
Ул. Букурешка број 2, 3, 5, 7, 9, 23, 25, 39, 41 и 43
Ул. Париска број 1, 5, 9, 11, 11А, 13 и 48
Ул. Ташкентска број 2Б, 4Б и 8
Бул. Партизански одреди ББ (Институт за социолошко политичко правни истражувања)
Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи се на терен, дефектот ќе биде саниран во текот на ноќта и сите потрошувачи во утринските часови ќе добијат навремена испорака на топлинска енергија.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.