Политика за квалитет


Друштвото за снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ-Скопје, како лиценциран снабдувач со топлинска енергија во своето работење ги препознава потребите и барањата на потрошувачите и другите заинтересирани страни и превзема мерки за нивно исполнување, во согласност со законите и прописите кои ја регулираат дејноста снабдување со топлина.

Со примената на новите технолошки достигнувања и подобрување на компетентноста на вработените, во периодот што предстои, посебно внимание ќе се посвети на зголемувањето на квалитетот на услугата и взаемната комуникација и доверба со потрошувачите, со цел зголемување на бројот на нови и задоволни потрошувачи како и подобрување на перформасите на процесите и деловните резултати на друштвото.

 

Ресертификација за меѓународниот стандард  ISO 9001:2015

Снабдување со топлина Балкан Енерџи како лиценциран снабдувач со топлинска енергија, континуирано работи на зголемување на ефикасноста и ефективноста на деловните процеси со цел зголемување на задоволството на потрошувачите. Токму затоа компанијата успешно го помина процесот за ресертификација за стандардот ISO 9001:2015 во декември 2020, по што повторно се стекна со сертификат ISO 9001:2015

Како кориснички ориентирана компанија која се грижи за квалитетот на работните процеси и компетентноста на вработените, Снабдување со топлина Балкан Енерџи уште од декември 2017 година го поседува меѓународниот Сертификат ISO 9001:2015 издаден од страна на сертификационото тело Quality – Austria.