Снабдување со топлина Балкан енерџи Дооел Скопје е друштво за снабдување со топлинска енергија.
Дејноста снабдување со топлинска енергија друштвото ја извршува согласно одлуката за доделување лиценца од страна на Регулаторната комисија за енергетика на Република Северна Македонија со важност од 01.01.2013 година. Основна мисија и цел на друштвото е да обезбеди сигурно, континуирано и квалитетно снабдување со топлинска енергија согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија.
Врз основа на одредбите од лиценцата, Снабдување со топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје врши енергетската дејност снабдување со топлинска енергија на потрошувачите приклучени на дистрибутивната мрежа на подрачјето на град Скопје односно на делови од подрачјата на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир.
Друштвото својата дејност ја извршува преку три подружници:
- Снабдување со топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје – Подружница Запад
Адреса: Улица Лондонска бр. 8, Скопје
Оваа подружницата дејноста ја извршува на подрачјето на општина Карпош, дел од општина Центар и дел од општина Ѓорче Петров. - Снабдување со топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје – Подружница Центар
Адреса: Булевар Кочо Рацин бр. 33, Скопје
Оваа подружницата дејноста ја извршува на подрачјето на општина Центар, Кисела Вода, дел од општина Чаир и мал дел од општина Аеродром. - Снабдување со топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје – Подружница Исток
Адреса: Булевар Јане Сандански бр.49, Скопје
Оваа подружницата дејноста ја извршува на подрачјето на општина Аеродром.
Управител на друштвото Снабдување со Топлина Балкан Енерџи Дооел Скопје е Методи Стојчев.