Вреди да сме сите вклучени!


Со користењето на централниот систем за греење се постигнуваат и целите на урбаното живеење што меѓу другото подразбира и намалени трошоци за греење, енергетска ефикасност и зачувување на животната средина. При тоа придобивките доаѓаат вистински до израз кога во еден колектвен станбен објект проектиран за користење на централното греење, сите потрошувачи го користат тој систем односно нема исклучени потрошувачи. Тоа е така затоа што во ваквите објекти електирчната инсталација е проектирана со капацитет во кој не е предвидено објектот да се грее на електична енергија како топлински извор. Во случаи на поединечно исклучување, кое е право на станарите, доколку исклучените станари продолжат да се греат или догреваат користејќи електрична енергија настануваат два главни проблеми – се нарушува енергетскиот баланс на објектот и се оптoварува електичната инсталација. Со цел делумно да се амортизираат ваквите последици соглансо регулативата исклучените потрошувачи се задолжуваат со учество во трошоците кои ги има објектот греејќи се на центраен систем за греење.

Повеќе за колективните права и обврски, како и придобивките  поврзани со системот за централо греење можете да прочитате во брошурата.