Услуги поврзани со сметки-фактури и останати услуги


Преку Центарот за грижа за потрошувачи потрошувачите може да се информираат и да ги реализираат своите потреби за сите услуги поврзани со сметките-фактурите за топлинска енергија и тоа: висина на сметка-фактура и начин на пресметка, недоставена сметка-фактура, висина на долг, пресметка на камата, тужби, промена на начин на плаќање и плаќање на рати, двојно платени сметки-фактури, промена на потрошувач и слично.
Дополнително, Центарот за грижа за потрошувачи е на располагање и за следните потреби и услуги: премер на квадратура и инсталирана моќност, мерење на температура во стан, премер на доградби, начин на пресметка и распределба на енергија на мерно место, проверка на статус – исклучен/приклучен и барање за приклучување и исклучување, испуштање вода, промена на дијаграм на ниво на мерно место, промена на цилиндар во топлинска станица и друго.
За сите овие услуги и потреби потрошувачите може да се информираат на еден од следните начини:

  • Со пополнување на следниот формулар
  • Со јавување на телефонскиот број на Центарот за грижа на потрошувачи: (02) 3076 200 од 08:00 до 19:00 часот и во сабота од 08:00 до 13:00 часот
  • Испраќање на СМС порака на мобилниот телефон: 076 / 350 567
  • Преку е-пошта на: contact@beg-snabduvanje.com.mk
  • Диретно во Центарот за грижа на потрошувачи на ул. „Лондонска“ бр. 8., секој работен ден од 08:00 до 19:00 часот и во сабота од 08:00 до 13:00 часот