СО МУДРИ ОДЛУКИ ДО ПОГОЛЕМА ЗАШТЕДА


Со цел заштеда на топлинска и електрична енергија препорачуваме вградување на опрема за заштеда на енергија на циркулационите пумпи и изолација на цевководите во подрумските простории. Со вградување на соодветната опрема на циркулационите пумпи истите нема да работат цело деноноќие односно во периодите кога има прекин на испорака на топлинска енергија со што просечната заштеда на електрична енергија на ниво на грејна сезона се движи од 35% до 40%, а просечната финансиската заштеда поради помалата потрошувачка на енергија на циркулационите пумпи се движи од 25%-30% на ниво на грејна сезона. Со изолирање на цевководите во подрумските простории или топловодната инсталација во влезовите годишната заштеда на ниво на мерно место е cca 15-25 еур/м2.

 

Доколку се заинтересирани за која било од наведените мерки за штедење јавете се во Центарот за грижа за потрошувачи на 3076-200.

 

…Повеќе во брошурата