РЕГУЛАЦИСКА ОПРЕМА ЗА ПОГОЛЕМА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ


Системот на БЕГ овозможува централна регулација на испорачаната топлина од топланата, во согласност со надворешните временски услови. Но за поголема енергетска ефикасност и подобрување на комфорот на греење во објектите неопходна е и дополнителна регулација, односно вградување регулациска опрема во топлинските станици, што овозможува задоволување на индивидуалните барања на потрошувачот и заштеда на енергија.

Ваквата опрема остава простор за приспособување на температурата во објектот согласно микроклимата на местото каде што се наоѓа, карактеристиките на објектот и однесувањето на потрошувачот.  Оттаму во насока на приспособување на режимот на работа на  системот за централно греење и обезбедување рационална испорака на топлинска енергија, се препорачува топлинската станица да биде опремена со соодветна регулациска опрема што овозможува потрошувачите самите да ја контролираат испораката на топлинска енергија, да ја одржуваат температурата во просторот кој се грее  и да штедат во периодите кога не се во објектот, односно да добиваат помала сметка за топлинска енергија без нарушување на комфорот.

 

..Повеќе во летокот