ОДРЖУВАЊЕ НА ГРЕЈНА ИНСТАЛАЦИЈА ВО ЛЕТО


Соодветното одржување на грејната инсталација е од особена важност не само за нејзината функционалност туку и од аспект на обезбедување поголема енергетска ефикасност. Во таа насока се и низата мерки кои се преземаат во текот на летниот период како и советите кои им ги даваме на потрошувачите.

Со цел заштита на внатрешната грејна инсталација и продолжување на векот на експлоатација на истата, во периодот по завршување на грејната сезона и до почетокот на следната грејната инсталација континуирано се одржува под статички притисок со специјално третирана вода. Со ова се оневозможува навлегување на воздух во инсталацијата (кој може да доведе до корозија), што е од особено значење за квалитетот на греењето подоцна во текот на грејната сезона, како и за поголемa енергетска ефикасност. Водата од грејната инсталација може да се испразни на барање на потрошувач кој за тоа треба да се обрати во Центарот за грижа за потрошувачи, или во најблиската подружница на Снабдување со топлина Балкан Енерџи.

Имајќи предвид дека држењето на грејната инсталација без вода може да предизвика корозија, поради навлегувањето на воздух во системот, што може негативно да се одрази на квалитетот на греењето и енергетската ефикасност на самата инсталација, постојат јасно дефинирани рокови за држење на инсталацијата без вода кои се одобрени од Регулаторната комисија за енергетика.

Заради спречување на течење во летниот период, потрошувачите се советуваат да не ги затвораат вентилите на радијаторите и другите грејни тела, или во станските ормарчиња, затоа што водата нема да има каде да се шири, со што ќе дојде до зголемување на притисокот и оштетување на грејната инсталација.

Со цел подготовка на грејната инсталација за следната грејна сезона и навремено создавање услови за непречена испорака на топлинска енергија во тек на грејната сезона, потрошувачите се советуваат да ги преземат следните мерки:

  • Отстранување на утврдени дефекти од минатата грејна сезона
  • Пријавување на секоја завршена интервенција на грејната инсталација заради која објектот бил испразнет во Центарот за грижа на потрошувачи за да објектот подготвен за почеток на сезоната и биде навреме приклучен на системот.
  • Обезбедување непречен пристап на службените лица до топлинската станица
  • Обезбедување на постојано напојување со електрична енергија на топлинската станица

…Повеќе во брошурата за одржување на грејна инсталација во лето