Нова услуга во системот за градско централно греење - Сервис за внатрешна грејна инсталација


Редовното одржување на внатрешната грејна инсталација е од суштинско значење за квалитетот на греење. Согласно со важечките законски и подзаконски акти, одржувањето на внатрешната грејна инсталација е одговорност на потрошувачите. Потрошувачите се грижат за функционалноста на внатрешната грејна инсталација самостојно или со ангажирање на компании или стручни лица кои се занимаваат со системи за греење. Како кориснички ориентирана компанија, Снабдување со топлина Балкан Енерџи од 1 Август 2017 на сите свои потрошувачи со кои што има потпишано договор за снабдување со топлинска енергија им нуди нова услуга за решавање на нивните проблеми со внатрешната грејна инсталација.

Решавањето на  проблемите со греењето, поради неинформираност или пониски цени,  потрошувачите често го препуштаат на нелиценцирани лица кои не можат да дадат гаранција за квалитетот на извршената услуга. Ангажманот на вакви лица често води кон сериозни штети, дури и хаварии за самите потрошувачи, нивните соседи и грејниот систем во целина.  Во таа насока,  со цел надминување на овие проблеми и ризици кај потрошувачите, Снабдување со топлина Балкан енерџи одлучи во рамките на компанијата да формира нов оддел, наречен МОЈ СЕРВИС кој им се нуди на потрошувачите како квалитетна опција за решавање на нивните проблеми со внатрешната грејна инсталација. Сервисот е составен од искусни, обучени стручни лица за оваа дејност вклучувајќи и инженерски и проектански кадар со високи компетенции за решавање на каков било проблем со греењето на потрошувачите.

МОЈ СЕРВИС нуди професионални сервисни услуги, како и бесплатнo утврдување на причината за дефекти на грејната инсталација на потрошувачите со цел да се осигура нејзината функционалност за квалитетно снабдување со топлинска енергија. МОЈ СЕРВИС работи по највисоките професионални стандарди на Снабдување со топлина Балкан енерџи, според строго дефинирани процедури за работа, рокови и цени за работна рака и материјали. Нашиот високо-стручен професионален кадар на располагање има нови и безбедни товарни возила, опремени и оспособени по сите стандарди за извршување на оваа дејност, како и со модерен и професионален алат за работа.

Со цел да излеземе во пресрет на можностите и потребите на потрошувачите, МОЈ СЕРВИС им нуди повеќе опции за видот на материјалите што ќе бидат вградени, од повеќе реномирани производители, во различен ценовен ранг. За вградените материјали МОЈ СЕВИС ја пренесува гаранцијата од производителот или од продавачот и сите вградени материјали се со најмалку 1 година гаранција. Услугите на МОЈ СЕРВИС се ценовно најконкурентни на пазарот, затоа што материјалите се набавени преку строго регулирана процедура на набавки, на потрошувачите им ги продава по нивната набавна цена, додека цената на работната рака е за минимум 20% пониска од пазарната.

На следните линкови може да се информирате за цените по кои се реализира сервисот на грејната инсталација:

Корисниците на услугите на МОЈ СЕРВИС пред почетокот на сервисната интервенција преку работен налог ќе бидат уредно инфомирани за работната рака и материјалите кои ќе бидат употребени. Со цел корисникот да се осигура дека услугата ќе биде завршена според договореното во прилог на работниот налог ќе се потпише и Договор за сервисни услуги со кој ќе се регулираат правата и обврските на корисникот на услугите и на сервисот. По завршувањето на сервисната услуга корисникот на услугата нема да плати во готово на денот на сервисот, туку на основа на работниот налог по пошта ќе добие фактура за извршените услуги (работна рака и материјали) која ќе може да ја плати во рок од 10 дена од нејзиното издавање. Со тоа МОЈ СЕРВИС на потрошувачите им овозможува санација на итни дефекти во внатрешната грејна инсталација со период на плаќање дури 10 дена од отстранувањето на дефектите.

Со цел да излеземе во пресрет на динамиката на модерното живеење на нашите потрошувачи, МОЈ СЕРВИС ќе работи во две смени – утринска и попладневна. Согласно нивните обврски, потрошувачите може да се обратат до сервисот секој работен ден од 08:00 – 20:00 часот и во сабота од 08:00 – 15:00 часот. Државните празници и недела се неработни денови.

За да можете да поднесете барање за сервисни интервенции потребно е да имате потпишан договор за снабдување со топлинска енергија со Снабдување со топлина Балкан енерџи. Вашите барања за сервисни интервенции и бесплатно утврдување на причината за дефектот на грејната инсталација можете да ги доставите до Центарот за грижа на потрошувачи на еден од следните начини:

  • Со пополнување на следниот формулар
  • Со јавување на телефонскиот број на Центарот за грижа на потрошувачи: (02) 3076 200 од 08:00 до 19:00 часот и во сабота од 08:00 до 13:00 часот
  • Испраќање на СМС порака на мобилниот телефон: 076 / 350 567
  • Преку е-пошта на: contact@beg-snabduvanje.com.mk
  • Диретно во Центарот за грижа на потрошувачи на ул. „Лондонска“ бр. 8., секој работен ден од 08:00 до 19:00 часот и во сабота од 08:00 до 13:00 часот

МОЈ СЕРВИС – Брзо. Ефикасно. Гарантирано!