Како до регулација на топлинската енергија по станбена единица


Во согласност со нашата политика за промовирање системи кои овозможуваат заштеда на енергија и зголемување на енергетската ефикасност на објектите, Снабдување со топлина Балкан енерџи на сите потрошувачи во колективните станбени објекти им нуди можност за заштеда на енергија, а со тоа и за намалување на висината на сметките за топлинска енергија.

Еден од начините, за кој не се потребни никакви дополнителни инвестиции и трошоци, е остварување заштеди со колективно штедење на ниво на објект. За секој 1 степен Целзиусов пониска температура во станбените простории во вашиот објект, се заштедува од 4 до 5% од сметките за топлинска енергија.

Кога станува збор за распределба на трошокот за топлинска енергија во колективните објекти со вертикален развод на внатрешна инсталација, на корисниците им се нуди можноста за поставување распределители на топлина, односно алокатори на грејните тела.

Додека пак, за распределба на трошокот за топлинска енергија во колективните објекти со хоризонтален развод на внатрешна инсталација, на корисниците на располагање им е можноста за поставување индивидуални мерила на топлинска енергија во станските ормари, кои функционираат на ниво на потрошувач, односно станбена единица.

 

Повеќе информации можете да добиете на следниве линкови:

РАСПРЕДЕЛИТЕЛИ НА ТОПЛИНА/ АЛОКАТОРИ

ИНДИВИДУАЛНИ МЕРИЛА