КАКО ДО ПОЕФИКАСНО ГРЕЕЊЕ


 

Еден од начините за подобра енергетска ефикасност во објектите е намалување на загубите на топлинска енергија. Во оваа насока препорачуваме преземање на повеќе мерки како заптивање на надворешните прозорци и врати, изолирање на топлинските мостови, поставување на алуминиумска фолија зад радијаторите, проверка на надворешната и внатрешната изолација на објектот како и изолирање на критичните точки.

Во насока на подобра енергетска ефикасност е и одржувањето на разумно комфорна температура  при што треба да се предвид дека високата температура во просториите кои се греат значи висока сметка за греење.  Со прекин или редукција на греењето вон работното време во објектите каде тоа е возможно, се постигнуваат заштеди, а замената на обичните со термостатски вентили на радијаторите овозможува регулација на греењето по желба, во секоја просторија поединечно.

Функционалниот систем на греење значи и поголема енергетска ефикасност. При тоа треба да се има предвид дека зголемувањето на испораката на топлинска енергија централно, од потстаницата, не е решение на потенцијалните проблеми со недоволно греење на одредени локации во објектот. Во насока на функционален систем за греење неопходно е редовно одржување на внатрешната грејна инсталација. При тоа треба да се има предвид и дека нестручното менување на изведбата на внатрешната инсталација, од предвидената според проектот, може сериозно да го загрози квалитетот на греењето и да ја зголеми потрошувачката.

…Повеќе во брошурата за ефикасно греење