КАКО ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ ВНАТРЕШНАТА ГРЕЈНА ИНСТАЛАЦИЈА


Навременото и редовно одржување  на внатрешната грејна инсталација може значително  да го намали ризикот од течење и да го подобри квалитетот на греење. Во таа насока неопходна е редовна проверка на внатрешната грејна инсталација. Согласно законските одредби потрошувачите се одговорни за одржувањето на внатрешната грејна инсталација и неопходно е да ги проверат вентилите, како и да ги елиминираат нечистотиите и воздухот во грејната инсталација

Присуството на нечистотии во инсталацијата за греење предизвикува осетно намалување на испораката на енергија. Нечистотиите што се појавуваат во грејната инсталација се најчесто резултат на нејзина корозија со текот на времето. Со цел заштита на дистрибутивната мрежа и внатрешната инсталација од корозија, а со тоа продолжување на векот на експлоатација на истата, во дистрибутивниот систем се користи специјално третирана вода при што внатрешната инсталација е полна со вода во текот на целата година и истата смее да се празни исклучиво од страна на овластени лица на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи.
…Повеќе во брошурата за заштита на внатрешната грејна инсталација