Согласно регулативата во Република Северна Македонија, основна обврска на компанијата „Снабдување со топлина Балкан енерџи“ е обезбедување сигурно, континуирано и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потршувачите.
Компанијата врши фактурирање и наплатата на надоместокот за топлинска енергија согласно Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија и Правилата за снабдување со топлинска енергија, по цена (тарифни ставови) што ја определува Регулаторната комисија за енергетика на Република Северна Македонија согласно Правилникот цени за топлинска енергија и системски услуги.
Актуелната цена, односно тарифните ставови се дефинирани со Одлука за утврдување на регулиран максимален приход и тарифни ставови за вршење на енергетската дејност снабдување со топлинска енергија.
Покрај основната услуга за испорака на топлинска енергија, Снабдување со топлина Балкан енерџи на потрошувачите им нуди и дополнителни услуги, и тоа:
- Приклучување по барање на потрошувачот
- Исклучување по барање на потрошувачот
- Проверка на затоплувана површина
- Проверка наинсталирана моќност
- Испуштање на вода
- Приклучување на топлинска станица (мерно место)
- Исклучување на топлинска станица (мерно место), и др.
Висината на надоместоците за овие дополнителни услуги ги одредува компанијата со Одлука за што добива соодветно одобрение односно Решение од страна на Регулаторната комисја за енергетика на РМ.
Дополнителни информации и документи според кои се одредуваат цените на услугите на БЕГ-Снабдување можете да добиете во делот Регулатива на оваа интеренет страница или да ја посетете веб-страницата на Регулаторната комисија за енергeтика – www.erc.org.mk